За клубот

Екипата на Вардар е наследник на ЖРК Вардар, а подоцна и ЖРК Вардар-Осигурување, клуб со најголема традиција и историја во женскиот ракомет. Формиран е 1961 год. од тогашниот РК Графичар во РК Вардар и се до денешен ден го задржува името Вардар. Се натпреварувал во Втората сојузна лига, Македонско-Косовската лига и Македонската лига.

По осамостојувањето на нашата држава, се натпреварува во Супер лигата и секогаш завршува на горниот дел на табелата со настап на Европската сцена, а во сезоната 2012/13 станува за првпат шампион на Македонија. Со самото тоа го остварува и историскиот успех и своето прво учество во Лигата на шампионите во Европа.

  • 1994/95 Куп на градови
  • 1994 Победник на Куп на Македонија 
  • 1995/96 Куп на градови 1/16 финале
  • 1999/00 Куп на градови 1/16 финале
  • 2001/02 Челенџ Куп
  • 2002/03 ЕХФ Куп
  • 2003/04 ЕХФ Куп
  • 2008/09 Челенџ Куп
  • 2009/10 Куп на победници на купови
  • 2011/12 ЕХФ Куп
  • 2012/13 Шампион на Македонија
  • 2013/14 Шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија
  • Лига на шампиони (3 место на Ф4 турнирот)
  • 2014/15 Шампион на Македониија и освојувач на Купот на Македонија
  • Лига на шампионите (3 место на Ф4 турнирот)
  • 2015/2016 Шампион на Македонија, Освојувач на Купот на Македонија
  • Лига на шампиони (3 место на Ф4 турнирот) 
  • 2016/2016 - Шампион на Македонија, Освојувач на Куп на Македонија, Победник на Регионална ВРХЛ лига, 
  • Лига на шампиони ( финалист на Ф4 турнир)

Најголем успех на домашната сцена е освојувањето на двојната круна, постигнување остварено во сезоната 2013/14, 2014/2015 , 2015/2016 и 2016/2017

Со освојувањето на шампионската титула во сезоната 2012/13 ракометарките на ЖРК Вардар, во сезоната 2013/14 оваа екипа заиграа за прв пат во Лигата на шампионите остварувајќи го најголемиот успех во клупската историја на меѓународна сцена, со пласманот на завршниот турнир во Будимпешта. Таму го освоија третото место. Ист успех постигнаа и во сезоните 2014/2015 и 2015/2016 кога на Ф4 турнирот во Будимпешта повторно го освоија 3 место.

Во сезоната 2016/2016 екипата стигна и до финалето на лигата на шампионите, што е дотогаш најголем клупски успех во Европа.

Денес клубот го носи името Вардар.

Боите на клубот се: црно-црвена.

Натпреварите од сезоната 2014/15 Вардар ги игра во својот нов дом СЦ "Jане Сандански".