Вардар ТВ - Што знаат да зготват Пензиќ и Лазовиќ

Најновото издание на Вардар ТВ е целосно посветено на нашите ракометни клубови. Гости во оваа емисија се Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ од женската екипа, и Жоан Кањељас и Рожерио Мораеш Фереира од машката екипа.Од гостувањето на двете девојки, Пенезиќ и Лазовиќ ќе дознаеме што би биле ако не станале ракометарки, и кој е „главната фаца" во клубот за објави на социјалните мрежи. Но, и што знаат да зготват за ручек и имаат ли време за тоа.Иако е само осум месеци во Вардар, Шпанецот Жоан Кањељас веќе зборува македонски. Интервјуто за Вардар ТВ е речиси целосно на македонски јазик.Во своето учење на македонскиот јазик напредува и Бразилецот Рожерио Мораеш Фереира.

понеделник, 6 март 2017 - 12:01