Женската лига почнува во март а завршува во мај

Женската лига треба да почне на 2/3 март а првенството треба да заврши на 25/26 мај, поради баражот за СП каде Македонија игра двомеч со Словенија.

Куп натпреварите во женска конкуренција ќе се одржат на 23/24 февруари. Со оглед на тоа што женските екипи се десет на број таму ќе има интересен систем за да се дојде до најдобрите четири екипи во Купот на Македонија.

На 23 и 24 февруари ќе се играат првите средби од Купот во кои ќе се најдат сите клубови. Тука ќе се добијат пет екипи, па затоа две од нив ќе имаат дополнителен натпревар за да успеат да дојдат до Ф4 турнирот кој ќе се одржи од 17 до 19 мај.
Беа одредени и двојките за четвртфиналето на Купот. Вардар треба да игра со тимот на Гевгелија.

Продолжението на првенството во машка конкуренција, односно Супер лигата почнува на почетокот на март. Треба да се одиграат уште четири кола, по што ќе се продолжи со плеј-оф и плеј-аут средби.
Постоеше предлог за да се почне и во февруари, но поради ладните сали не беше во можност да се почне порано и затоа ќе мора првите средби да се одиграат во првиот викенд од март.

Тимовите кои стартува со сезоната во Супер лигата имаат уште четири кола до завршувањето на шампионатот. Плеј-офот во кој се приклучуваат и составите на Вардар и на Металург ќе почне викендот на 23 и 24 март, па тогаш почнува битката за титулата и за местата кои водат во европските купови.

Елиминациска фаза во последната седмица од февруари во машка конкуренција. Четвртфиналните групи се закажани за 20 и 21 април кога се вклучуваат и суперлигашките екипи.
Финалниот турнир од Купот на Македонија е закажан за периодот од 17 до 19 мај. Местото на одржување ќе биде дополнителни одреден.

Почеток на пролетен дел од сезоната во младинските категории:

Пионери
Почеток на пролетен дел: 9/10 февруари 2019
Завршница на Ф4 се игра на 23/24 март 2019

Пионерки
Почеток на пролетен дел: 23/24 март 2019
Завршница на Ф4 се игра на 4/5 мај 2019

Кадети
Почеток на пролетен дел: 23/24 март 2019
Завршница на Ф4 се игра на 1/2 јуни 2019

Кадетки
Почеток на пролетен дел: 23/24 март 2019
Завршница на Ф4 се игра на 25/26 мај 2019

Младинци
Почеток на пролетен дел: 2/3 февруари 2019
Завршница на Ф4 се игра на 30/31 март 2019

Младинки
Почеток на пролетен дел: 2/3 февруари 2019
Завршница на Ф4 се игра на 25/26 мај 2019

 

вторник, 25 декември 2018 - 17:06