Започнува приоритетна замена на сезонските картички со билети за четврт-финалето од ЛШ

Од понеделеник до недела (20-27 март 2017) ќе трае приоритетната замена на сезонските билети со билети за четврт-финалните натпревари во лигата на шампионите за Вардар, во машка и женска конкуренција.

По истекувањето на рокот, сите сезонски билети кои нема да се заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба и имателите на сезонските билети нема да можат да си ги купат истите понатаму.

Приоритетната замена на сезонските картички со билет за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој ден од 10:00 - 18:00 часот. Притоа ќе биде задолжително приложување на сезонскиот билет.
Повеќе информации на info@ticketplus.mk и на телефонскиот број + ‎389 2 2401 980

Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право, и истите ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Цени на билети:

РК Вардар
А блок - 600 денари
Централни - 500 денари
Позади гол - 400 денари
Стоење - 200 денари

ЖРК Вардар
А блок - 300 денари
Централни - 200 денари
Позади гол - 150 денари

ВАРДАР ПАС
А блок - 800 денари
Централни - 600 денари
Позади гол - 500 денари

 

петок, 17 март 2017 - 12:23