
Секоја екипа што ќе биде избрана ќе добие 12 нови топки, заедно со специјално дизајнирана торба за истите од Селект.
Едноставно треба да ја пополнат пријавата на www.veluxhandball.com и да чекаат да бидат извлечени.
Сезонава околу 4.000 топки од Селект, што е официјален снабдувач на топки на ЕХФ ќе бидат дистрибуирани низ Европа. При аплицирањето може да се избере големина на топките, од 0, 1 и 2.
Покрај топките како подарок, ќе биде извлечен и еден среќен тим што ќе добие ваучер во износ од 2.000 евра за купување на комплет тимска опрема.
За да се добие оваа награда, потребно е екипата да направи заедничка интересна фотка повторно да се испрати на www.veluxhandball.com каде ќе бидат со новите топки.
За да се учествува во ова, потребно е да се кликне на следниот линк http://www.veluxhandball.com/apply-for- balls и да се пријави за да се добие шанса за добивање на топки.
Било кој млад тим од Европа е добредојден да се пријави.
Доколку имате дополнителни прашања, може да се посети страницата www.veluxhandball.com и во делот на Q&A да се најдат сите потребни одговори.