Вардарки во полуфиналето на Купот против Гевгелија

Ракометарките на Вардар одбраната на Куп титулата во домашното првенство ќе ја почне против екипата на Гевгелија на 19 мај. Со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки од Купот на Македонија.

Финалниот турнир до Купот ќе се игра на 19 и 20 мај во салата во Автокоманда во Скопје.
Во второто полуфинале ќе играат Металург и Прилеп.

Финалето ќе се игра во сабота на 20 мај.

Саатниците за натпреварите ќе бидат одредени дополнително.

Вардар досега четирипати е победник на Купот на Македонија.

четврток, 11 мај 2017 - 12:40