Вардарки триумфално низ Подгорица

Иако и пред почетокот на дуелот во Подгорица беше сѐ познато и резултатот немаше ништо да смени во однос на позицијата на табелата, Вардар рутински ја оствари петтата победа во Главната фаза, против Будуќност 30-25 за потврда на првото место на табелата. Одигравме онолку колку што требаше за да победиме и да ја продолжиме низата на триумфи во меѓусебните дуели со црногорскиот првак.

Ова беше втор триумф на Вардар на гостински терен во Подгорица во лигата на шампионите. Во второто полувреме и целосно го надигравме противникот, особено во завршницата потврдувајќи го нашиот квалитет.

Сезонава повеќепати игравме со Будуќност, и во ЛШ и во ВРХЛ лигата но „црвено-црните" во моментов потврдуваат дека се поквалитетен тим. Игравме без Андреа Лекиќ која поради семејни причини не беше со екипата.

Будуќност се обидуваше да парира и тоа му успеавше најмногу во првото полувреме. Во самата завршница откако влезе во игра Ина Суслина ја направивме и разликата, па на полувреме заминавме со предност до 15-12. Но, само што почна вториот дел Будуќност брзо израмни на 15-15. И тогаш како да се разбуди Вардар.

Тргнавме многу подобро, повторно го презедовме водствот овојпат со 4-5 гола, и тоа го задржавме до самиот крај.

БУДУЌНОСТ – ВАРДАР 25-30 (12-15)

ВАРДАР: Лејно, Суслина, Радичевиќ 4, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 1, Бајрамоска, Лазовиќ 2, Пенезиќ 10, Керамичиева, Чанаџија, Лакрабер 7, Хмирова 5, Цвијиќ 1, Петровиќ, Ристовска.

сабота, 10 март 2018 - 21:50