Вардарки триумфално кај Спартак

Иако играат натпревари и во младинската лига и во Супер лигата, ракометарките на Вардар го продолжуваат победничкиот ритам. Во 9. коло на Супер лигата нашите девојки како гостинки триумфираа кај Спартак, со 32-21 (15-9).

Со новите бодови „црвено-црните" се зацврстија на второто место на табелата каде имаат ист број бодови како и Куманово. За Вардар ова е шести триумф по ред сезонава.

Меѓу најрадосните ракометарки н атеренот беше голманката Симона Грујоска која денеска прославуваше роденден. Победата е само шлагворт на денот, а вардарки повторно покажаа дека иако се далеку помлади од ривалите во лигата сепак поседуваат квалитет што треба да донесе и резултати во иднина.

Се' беше решено уште во првото полувреме кога направивме предност од 15-9. Претходно домашните некако држеа чекор и успеаја дури и да израмнат на 8-8. Потоа повторно одигравме одлично во одбрана, а нападот беше беспрекорен. Вардар не прими гол 12 минути и тогаш беше јасно кој ќе победи.

До крајот на средбата се беше рутина да се одигра, и притоа да се одржува разликата која беше и двоцифрена.

Спартак - Вардар 21-32 (8-15)

ВАРДАР: Илиќ, Грујовска, Ѓеоргиевска, Божиновска 4, Џатевска 2, Ангеловска, Трпевска 4, Гроздановска 4, Костовиќ 1, Диневска, Седлоска 2, Коларовска 4, Петровска 4, Стаменкова 2, Дамјановска 2, Николиќ 4.

сабота, 27 октомври 2018 - 18:44