Вардарки тргнаа во новата сезона

Европскиот вицепрвак ги почна подготовките за новата ракометна сезона со желба да се стигне до европскиот трон. Со пет нови ракометарки во тимот, тренерот Ирина Дибирова тргна во поход по титулата што сите ја посакуваат во клубот.

Сега инспирација секако ќе биде машкиот тим кој стана европски првак. Женската екипа лани играше во финалето на ЛШ и дури после продолженијата ни избега трофејот.

Нови ракометарки сезонава во екипата се Драгана Цвијиќ, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, Теа Керамичиева и Полена Кизнецова.
Екипата деновиве ќе ги изврши потребните лекарски прегледи, ќе се тренира во Скопје а потоа се заминува на Златибор.

„Најважно е да тренираме добро. Имаме доста време додека почне лигата на шампионите. Ќе се обидеме да најдеме и доволно противници за да ја одржуваме формата. Верувам дека и новите ракометарки брзо ќе се вклопат во нашиот систем. Ако се договори повторно да се игра Регионалната лига ќе биде уште подобро. Сакаме да стигнеме до европскиот трон, но сега сме фокусирани на нашата подготовка. Задоволна сум што сите играчи и летниот период го искористиле за тренирање, па ќе биде полесно за сите, вели Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.

 

среда, 2 август 2017 - 10:46