Вардарки супериорни на гостувањето во Свети Николе

Младите вардарки ја остварија првата победа сезонава во женската лига и тоа на гостувањерто кај Овче Поле во Свети Николе, 42-6. Доминацијата на „црвено-црните" беше од почеток до крај, без нималку доза на неизвесност и со многу постигнати голови на нашите девојки.

Неизвесно беше само едно - со колкава разлика ќе победиме и колку голови вкупно ќе постигнеме. Вардарки ја продолжија голеадата што ја наметнаа нивните колешки од лани, па и тие почнаа да постигнуваат многу голови и да прават големи разлики.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР 6:42 (2:19)

ВАРДАР: Грујовска, Илиќ, Диневска 9, Седлоска 4, Ангеловска 7, Џатевска, Дамјановска 1, Гроздановска 1, Гоцевска, Коларовска 1, Миновска 4, Костовиќ, Ѓеоргиевска 1, Петковска 7, Божиновска 2, Јаковчевска 5.

понеделник, 17 септември 2018 - 00:39