Вардарки со висока победа го завршија есенскиот дел од сезоната

Есенскиот дел од сезоната ракометарките на Вардар го завршија на третото место на табелата во женската лига, и со висок триумф над дебитантот Алушовски. „црвено-црните" победија со 55-25 (24-14) што беше меч со најмногу постигнати голови сезонава.

Од самиот почеток на натпреварот вардарки поведоа и немаше никаков проблем ниту неизвесност околу исходот на натпреварот. На половина од првото полувреме веќе имавме и двојна предност, 14-7, а пред самиот крај на првиот дел и „плус 11" за водство 23-12 и 24-13. Во овој период Ива Јаковчевска ги постигна 8-те гола со кои беше најефикасна на средбата. Исто осум голови постигна и Ивона Трпевска, сите во второто полувреме.

До крајот на средбата само се зголемуваше нашето водство и н акрај стигнавме до „плус 30" за победа 55-25.

Вардар - Алушовски 55-25 (24-14)
ВАРДАР: Трајковска, Ѓеоргиевска 7, Божиновска 4, Грујовска, Паковска 5, Трпевска 8, Гроздановска, Костовиќ, Миновска 6, Седлоска, Коларовска 5, Јаковчевска 8, Галевска 1, Стаменкова 3, Николиќ 7, Дамјановска 1.

 

сабота, 7 декември 2019 - 17:53