Вардарки со одлична серија - петти триумф по ред сезонава

Младите вардарки ја продолжија победничката серија во домашната лига со постигнување на петтата победа сезонава во женската лига, овојпат на гости во Битола кај Пелистер. Нашите девојки победија со 33-25 (16-11) и со новите три бода остануваат на делба на првото место на табелата со максимални 15 бодови.

Доминацијата и добрата на игра на Вардар се гледа и по фактот што нашиот тренер не побара ниту еден тајм аут на натпреварот. Се што беше зацртано се остваруваше на теренот и немаше потреба да се менува ништо ниту пак да се прекинува добрата игра.

Само на почетокот на средбата домашните ракометарки усепаја неколкупати да израмнат - а се друго беше во знакот на „црвено-црните". Во 14 минута беше од 7-6 за Вардар по што следуваше убава серија на голови со која поведовме 11-6 за прво посериозно резултатско одлепување. Таа разлика од пет гола се задржа до крајот на полувремето што го добивме со 16-11.

Разликата што ја направивме во првото полувреме беше клучна за натамошниот дел од средбата. Ја задржавме предноста и успевавме да ја покачиме до „плус 8" како највисока предност. Тоа беше и крајна разлика по истекот на 60-те минти.

Пелистер - Вардар 25-33 (11-16)

ВАРДАР: Гоцевска 2, Ѓеоргиевска 2, Божиновска 1, Грујовска, Џатевска 6, Илиќ, Трпевска, Костовиќ 1, Диневска 2, Миновска 2, Седловска 3, Јаковчевска 1, Галевска 3, Дамјановска 5, Коларовска 1, Николиќ 4.

понеделник, 14 октомври 2019 - 10:45