Вардарки со нов тренер

Поранешната трикратна светска шампионка, и двоен победник на лигата на шампионите Ирина Дибирова (37) во иднина ќе биде нов тренер на Вардар.

Таа од денеска ја превзема екипата, заедно со Аце Станковски кој останува помошник во женската екипа. Досегашниот тренер Давид Дејвис, на негово барање, се враќа во првиот машки тим и ќе продолжи да работи со Раул Гонзалез.

Првиот предизвик за новиот тренер на вардарки е саботниот меч од последното коло од главната фаза на женската лига на шампионите против Турингер. Нашата екипа е на второ место во групата и веќе има обезбедено пласман во четврт-финалето, што ќе биде наше четврто играње во Топ-8 фазата.

Во својата богата играчка кариера Дибирова има настапувано во четири екипи, од кои што три во Русија и имаше интернационална кариера со настап во тимот на Слагелсе во Данска, во златното време кога Данките доминираа во Европа. Како играч има искуство со настап во речиси сите европски купови, и пет шампионски титули во три различни куп натпреварувања.

Ирина Дибирова
родена: 12 март 1979
Играчка кариера:
1997-2000 Источник (Ростов на Дон)
2001 - 2004 Лада Толјати
2004 - 2006 Слагелсе (Данска)
2006 - 2010 Звезда Звенигород

Клупски постигнувања
Првак на Русија (1998, 2002, 2003, 2004, 2007)
Првак на Данска (2005)
Победник на лига на шампиони (Слагелсе - 2005, Звезда - 2008)
Победник на Куп на ЕХФ (2006)
Победник на КПК (2002)

Репрезентативни резултати
Светски првак (2001, 2005, 2007)
Сребро на ЛОИ (2008)
Сребро на ЕП (2006)
Бронза на ЕП (2008)

 

четврток, 9 март 2017 - 14:05