Вардарки се сребрени во Купот на Македонија

Вардар го освои сребрениот медал во Купот на Македонија. Во финалето што се одржа во Куманово, нашите девојки покажаа огромна борбеност и максимално залагање. Имаа и шанса да внесат и поголема неизвесност во последните 15-тина секунди од мечот. Но, не успеаја да упатат удар, туку направија техничка грешка и фаул во напад за што потоа судиите досудија и пенал и покажаа и црвен картон. Куманово победи со 24-22 што е нивни прв триумф во Купот на Македонија.

Домашните ракометарки имаа предност во текот на натпреварот, на моменти и со неколку голови. И покрајнивното водство младите вардарки не се откажуваа. Се враќаа повторно во игра и придонесоа за поголема неизвесност на средбата. Така беше во првото полувреме кога од „минус 5" на пауза се замина со предност од 11-9 за Куманово. Нашите девојки играа максимално, покажаа тимски дух и не се предаваа во ниту едне момент. То секогаш вродуваше со плод.

И во второто полувреме Куманов имаше резултатска предност, во еден моменти и „плус 4", а Вардар повторно се врати и тоа на само еден гол негатива. Завршницата донесе неизвесност од која Вардар можеше да донесе неизвесност и можеше да има продолженија. Само поради сопствена грешка не се стигна до израмнување.

Вардар - Куманово 22-24 (9-11)
ВАРДАР: Трајковска, Ѓеоргиевска, Божиновска, Грујовска, Џатевска 1, Илиќ, Трпевска 6, Гроздановска, Костовиќ 1, Диневска 1, Миновска 3, Седлоска 4, Коларовска, Петковска 2, Дамјановска, Николиќ 4.

сабота, 11 мај 2019 - 19:38