Вардарки отидоа, видоа и победија во Прилеп

Играњето на два натпревари за два дена за Вардар и не е некој проблем, па овојпат триумфиравме со висока разлика на средбата против Деспина во Прилеп, 41-24 (18-12)

Натпреварот во Деспина го игравме во Прилеп враќајќи им ги домаќинството на прилепчанки кои ни излегоа во пресрет есенва па првиот меч наместо во нивната сала го игравме во Скопје.

Три ракометарки на Вардар постигнаа по седум голови, Кузнацова, Керамичиева и Ристовска. Младите Гичевска и Николиќ повторно се запишаа во листата на стрелците одново искусувајќи како е да се игра за првиот тим на „црвено-црните".

Домаќинките знаеја дека Вардар е далеку поквалитетен дури и кога игра со преполовен состав и без речиси најдобрите. Овојпат на клупата беше и Андреа Пенезиќ но немаше потреба да влегува во игра бидејќи нејзините колешки успешно си ја завршија задачата. Прилепската публика пак имаа шанса да видат повеќе ракометарки кои играа на последниот Ф4 турнир во Будимпешта и кои го освоија сребрениот медал.

Непознато беше само со која разлика ќе заврши средбата, а Деспина е еден од реткит етимови што успеал на Вардар да му даде повеќе од 20 голови. За така млад и неискусен тим и тоа е голема работа. Вардар од друга страна немаше потреба многу да се намачи, бидејќи требаше да се сочува сила и за утрешниот меч против сестринскиот тим на Вардар јуниор.

Таа средба се игра од 15 часот во СЦ Јане Сандански.

Вардар - Деспина 41-24 (18-12)
ВАРДАР: Саздовска 4, Кузнецова 7, Лазовиќ 2, Мицевска, Пенезиќ, Керамичиева 7, Чанаџија 3, Суслина, Хмирова 3, Петровиќ 4, Гичевска 3, Ристовска 7, Николиќ 1.

среда, 6 декември 2017 - 21:23