Вардарки остануваат меѓу водечката тројка во женската лига

Младиот тим на Вардар и покрај проблемите со кои се соочува со повредите на некои играчи успеа да оствари уште една победа во женската лига и да го задржи местото меѓу водечката тројка на табелата. Вардар со 24-22 го победи Пелистер, што е шести триумф на „црвено--црните" сезонава по осум одиграни натпревари.

рдарки не се предадоа во ниту еден момент на дуелот со битолчанки, иако тие во најголем дел од средбата имаа резултатска предност. Трпеливо и пред се' храбро одиграа нашите девојки, особено во второто полувреме кога успеаја да направат пресврт и да поведат со 19-18. Од тој момент па се' до крајот ја задржаа предност и заслужено победија.

Имавме осцилации во играта, доста не реализирани напади, но видлива беше желбата да се покаже и докаже квалитетот што го поседуваат овие девојки. Кога требаше одбраната беше извонредна, голманките ги одбранија можеби и клучните топки во завршницата, од што и двата пенали во последната минута.

На полувреме имавме негатива од 6-9, полувреме со малку голови и повеќе грешки на двете страни. Не не обесхрабри тоа што противникот имаше предност, па дури и тоа што гостинкиот тренер Викторија Блажевска реши на оваа средба да игра. Постигна и четири гола, но беше спречена и таа и нејзините ракометарки токму во финишот на средбата.

Во следното коло Вардар гостува кај Спартак.

Вардар - Пелистер 24-22 (6-9)
ВАРДАР: Ѓеоршиевска, Грујовска, Џатевска 1, Ангеловска, Илиќ, Трпевска 4, Гроздановска, Костовиќ 2, Диневска, Миновска 1, Седлоска 3, Коларовска 7, Јаковчевска, Петковска 1, Дамјановска 2, Николиќ 3.

 

недела, 21 октомври 2018 - 22:51