Вардарки од првиот барабан во ждрепката за ЛШ

На ждрепката за новата сезона во лигата на шампионите во женска конкуренција што е закажана за 30 јуни во Љубљана, екипата на Вардар ќе биде во првиот барабан. Сѐ уште нема детали за останатите групи и се чека потврда на сите екипи што в година ќе играат во ЛШ, дали директно или преку квалификации.

Досега се пристигнати 25 пријави од клубови за настап во лигата на шампионите. На таа листа се 18 прваци на своите земји и уште две екипи кои доаѓаат од земјите со нависок клупски рејтинг, Унгарија и Данска. Уште пет екипи дополнително бараа место во лигата на шампионите

Единствено од Холандија, Португалија, Словачка, Србија, Швајцарија и Украина нема пријава за место во лигата на шампионите.

Конечната листа на учесници ќе биде позната на 24 јуни по состанокот на Извршниот Комитет на ЕХФ во Загреб.

Пријавени екипи базирани според ранкингот:

 

среда, 14 јуни 2017 - 11:50