Вардарки од понеделник во строј

Летниот одмор заврши и за женскиот европски вице првак Вардар, па ракометарките од понеделник се повторно во Скопје каде ги почнуваат подготовките за новата сезона.

Целта е да се оди уште едно скалило погоре и да се освои европскиот врв. Она што им успеа на машките во Келн, го посакуваат и ракометарките, но на нивниот Ф4 турнир во Будимпешта.

За новата сезона вардарки имаат пет нови имиња во составот, Теа Керамичиева, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, сите репрезентативки на Македонија, Русинката Полена Кузнецова и Србинката Драгана Цвијиќ.

Првиот тренинг на екипата треба да биде во вторник на 1 август попладне. Четири денови ќе се работи во Скопје, а потоа се заминува на Златибор каде се останува десет денови. По враќањето дома, ќе се подготвуваме за настап на турнирот чии домаќини сме ние во периодот од 23 до 26 август во Скопје. Во меѓувреме можно е да се одиграат и некои контролни средби.

петок, 28 јули 2017 - 10:15