Вардарки несреќно загубија во Куманово

Во дербито на 10. коло во женската лига, нашите млади девојки несреќно загубија на гостувањето кај Куманово, 27-29 (13-12), со што го почнаа вториот круг од првенството. Засега Вардар останува на третото место на табелата, но веќе има три бода помалку од второплсираното Куманово.

Во 55 минута од натпреварот Вардар имаше предност од 26-25, но потоа за четири минути му дозволивме на домаќинот да направи серија од 2-0 и да поведе со 27-26. Во самата завршница повторно израмнивме на 27-27 и потоа следува еден лош период. Не успеавме да ги реализираме нашите шанси а домашните ракометарки поведоа со 28-27.

Во последната минута Куманово преку Ана Шарановиќ го постигна победничкиот гол со кој ги освои трите бода.

Натпреварот почна со предност на Куманово, а потоа Вардар се врати во игра го израмни резултатот и на полувреме имавме предност од 13-12.
Имавме предност и од 15-12 на почетокот на вториот дел, а потоа Куманово не само што израмни туку и поведе со 19-17. Неизвесноста продолжи и натаму, ние израмнивме, а потоа се до последните минути се играше „гол за гол".

Во следното коло Вардар е домаќин на Овче Поле.

Куманово - Вардар 29-27 (12-13)
ВАРДАР: Трајковска, Божиновска, Грујовска (4 одбрани), Џатевска, Ангеловска, Илиќ (4 одбрани), Трпевска 6, Гроздановска 5, Костовиќ, Диневска 1, Миновска, Седлоска 4, Коларовска 4, Петковска 4, Дамјановска 1, Николиќ 2.

петок, 2 ноември 2018 - 21:50