Вардарки немаа среќа, Ѓер уште еднаш подобар

Екипата на Вардар не успеа да го совлада Ѓер ниту во вториот меч, вечерва во Унгарија, со што остана на шесте бода, но падна на второто место во групата Ц.

Ѓер го победи Вардар со 28-27 со гол во последната секунда од натпреварот, постигнат од пикерот Хајди Локе. Имаше уште 12 секудни до крајот кога Андреа Пенезиќ доби црвен кратон поради трето исклучување и изгледаше дека Вардар успешно ќе се одбрани, сепак малку ѝ требаше на Норвежанката Локе да прими топка и да му пресуди на Вардар.

Воопшто не изгледаше дека вака ќе заврши мечот во првото полувреме кога вардарки доминираа, играјќи одлично во сите фази од мечот. По 10 минута игра Вардар водеше со 5-3, а потоа следуваше една серија на гостите за тие да го преземат водството со 6-5. Сепак, Вардар функционираше беспрекорно, а на голот Ина Суслина беше одлична и веднаш се врати. Во 19. минута беше 9-9 и оттука почна серијата од 4-0 со која Вардар поведе со 23-19 и остана во водство до крајот на полувремето.

Вториот дел почна со 17-14 за Вардар, но и со сосема спротивен развој на теренот. Нашите ракометарки имаа проблеми во нападот, почнаа да прават и повеќе грешки, а Ѓер непрестано постигнуваше голови за да направи серија со 8-1. Поведе со 22-18, кога Сираба Дембеле го даде оној потребен импулс за враање во игра.

Нашето лево крило сите свои четири гола ги постигна во последните 15 минути и беше главен играч во походот по израмнување на резултатот. Со серија од 4-1 прво дојдовме до 24-25 на пет минути до крајот, а потоа на 43 секунди до крајот Јованка Радичевиќ изедначи на 27-27. Сепак во финишот немавме среќа и Ѓер повторно се радуваше.

Ѓер – Вардар 28-27

Ѓер: Гримзбо, Киш, Кнедликова, Локе 5, Харсфалви, Коршош, Горбиц 8, Ковачич 3, Суланд 1, Аморим 2, Планета, Орбан, Томори 4, Грот 2, Брох 1, Богнар-Боди 3.

Вардар: Петковска, Суслина, Лејно, Радичевиќ 4, Кликовац, Дамњановиќ 3, Лазовиќ 1, Дембеле 4, Сокач 2, Алтхаус 3, Пенезиќ 3, Черноиваненко, Човиќ 1, Ихнева, Хмирова 4, Лекиќ 2.

сабота, 14 ноември 2015 - 18:23