Вардарки лесно против „помладите“ за пласман во финалето на Купот

Сениорскиот тим на Вардар, очекувано и без проблеми стигна до финалето на Купот на Македонија откако во сестринскиот дуел беше подобар од ЖРК Вардар, победувајќи со 39-26.

Првиот тим на Вардар беше подобар од вториот, ЖРК Вардар со 39-26 во полуфиналето од Купот на Македонија. Со тоа нашите девојки се пласираа во финалето каде што ќе го бранат освоениот пехар во претходните две сезони.

Натпреварот беше решен, некаде по 15. минута во првото полуверме. ЖРК Вардар играше одлично од почетокот, дури и водеше со 6-5, но потоа следуваше 8-0 со која Вардар поведе со 13-5 и си го отвори патот до победата.

Првиот дел заврши со 20-13 за тимот на Индира Кастратовиќ, а потоа и двете екипи комбинираа во своите состави, давајќи им шанса на сите ракометарки. Сепак и тие успеаја да го покажат својот квалитет и да го зголемуваат водството до конечните 39-26, кои беа највисоката предност на натпреварот.

Во утрешното финале, во 15 часот, Вардар ќе игра против Металург.


ЖРК Вардар - Вардар 26-39 (13-20)

ЖРК Вардар: Белмезова, Ладева, Младеновска, Прленда 2, Петревска, Ангелевска 1, Трпковска 3, Николовска 2, Бојаџиска 4, Тодоровска 1, Нолевска 3, Трајчевска, Џини 1, Керамичиева 8, Трајковска, Гичевска 1.

Вардар: Петковска, Лејно, Стојановска 1, Гакидова 3, Митова 4, Николиќ 1, Лазовиќ 5, Сокач 2, Алтхаус 3, Кликовац 4, Пенезиќ 4, Черноиваненко 6, Ихнева 1, Хмирова 1, Лекиќ, Грбиќ 4.

петок, 15 мај 2015 - 20:57