Вардарки лесно до победа во Куманово

Трета убедлива победа за најмладите вардарки во Куманово во натпреварот од пионерската лига. Избраничките на Анжела Платон со 27 : 12 триумфираа против екипата на Куманово, со што ја реализираа третата победа по ред од почетокот на сезоната 2019/20.

Највисоката предност што црвено – црните ја имаа во првото полувреме беше +7, односно 8 : 1. Сепак до крајот на полувремето домаќинките успеаја да ја намалат разликата и на пауза заминавме со 9 : 4. Вардарки владееја на паркетот во вториот дел од натпреварот. Предноста од +8 гола, за 15 : 7, набрзо стана двоцифрена +13, за 21 : 8. Тренерот Платон даде можност на сите во составот да играат. Без поголеми изненадувања од Куманово се вративме со победа од 27 : 12.

Најмногу голови на натпреварот постигна Бојана Коцева – 5.

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андоновска 2, Мила Крагељ 1, Јана Равојска 3, Сара Стефановска 2, Александра Коловска 1, Јована Трајановска 3, Леа Христоска, Борјана Коцева 2, Ива Ангеловска 2, Наталија Максимовска 2, Мила Пешиќ 2, Бојана Радевска 2, Бојана Коцева 5, Андреа Миланова.

понеделник, 7 октомври 2019 - 20:01