Вардарки комплетни на тренинзите - се темпира формата за почетокот на првенството

Откако се комплетираше тимот со доаѓањето на сите репрезентативки, вардарки продолжуваат со тренинзите. 

До 14 септември кога почнува првенството вардарки ќе тренираат во Скопје и ќе работат на воигрување. Сега тимот е комплетиран со сите репрезентативки, плус едно засилување пивотменот Јана Паковска. Тренерот Драгана Ристова заедно со Билјана Црвенковска го имаат истиот тим што и лани настапуваше, а сега се поискусни и ќе се обидат да продолжат со истото темпо од лани.

Вардарки лани го освоија третото место лани иако имаа меѓу најмладите екипи. Во новата сезона во женската ракометна лига ќе има 14 екипи. Ќе се игра еднокружно (по еднаш дома и на гости), а Вардар во првото коло ќе гостува кај тимот на Спартак. Суперлигашите се договорија сезоната да почне на 14 септември, а првиот дел од сезоната треба да заврши на 7 декемеври.

Фотогалерија од тренингот - 

 

сабота, 17 август 2019 - 20:41