Вардарки ќе презимат на врвот во младинска конкуренција

Фуриозен пресврт на градското дерби со Металург ни ги донесе трите бода на последниот натпревар од првиот дел од сезоната во младинска конкуренција. Избраничките на Симе Симовски и Драгана Ристова ќе презимат како лидери на табелата во младинското првенство за жени, откако со 26 : 22 (12 : 15) ја победија екипата на Металург.

На домашен терен го отворивме натпреварот со гол од пенал, и тоа како да ни ја помати концентрацијата. Гостинките брзо преминаа во водство по серијата од пет гола за 5 : 1. До крајот на полувремето одржуваа предност од 2 до 3 гола, иако нашите девојки се трудеа да го најдат решението за противничката игра. По слободниот удар на Седлоска по истекот на 30. минута заминавме на пауза со 12 : 15.

Минутите со Симовски помогнаа да второто полувреме донесе голема промена во нашата игра. Ја намаливме негативата на 15 : 16, поради што гостите побараа тајмаут, но беше доцна, ураганот Вардар веќе ја понесе играта. Следеше брзо реми 17 : 17, по што полека но сигурно го превземавме водството. Она што ни недостигаше во одбраната, веќе во последните 40 минути од мечот се корегираше пред голот на Вардар, каде Јована Трајковска 11 пати ја запре топката на Металург. Во последните минути од мечот влеговме со водство од 25 : 20, што е и најголемото водство што го имавме на овој меч. Победивме со 26 : 22.

ВАРДАР – Металург 26 : 22 (12 : 15)

сабота, 8 декември 2018 - 21:20