Вардарки ја потврдија супериорноста во младинската конкуренција

Вардарки прославија уште една победа во младинска конкуренција. На мечот од осмото коло од националното првенство, на гостински терен кај екипата на Чаир, Вардар победи со 39 : 23 (18 : 14).

Натпреварот со Чаир беше одложен на почетокот на месецов, па со неговото одигрување и официјално заврши првиот дел од сезонава, а Вардар останува на врвот од таблата на младинското првенство, веднаш пред Куманово, со кои имаме ист број на бодови, но подобра гол разлика.
Двоцифрената разлика не се насети во првиот дел од натпреварот. Домаќинките ја имаа иницијативата на натпреварот а ние го бркавме резултат до изедначувањето од 10 : 10. Во следните неколку минути игравме гол за гол наизменично менувајќи за предноста, и по 14 : 14 нѐ послужи среќата. До крајот на полувремето имавме серија за предност 18 : 14. На пауза заминавме со убава предност, а 15-те минути со тренерот Симе Симовски помогнаа вардарки да се фокусираат на нападот. Постепено, но упорно ја зголемувавме предноста за победа од 39 : 23.

Чаир – ВАРДАР 23 : 39 (14 : 18)

четврток, 13 декември 2018 - 00:28