Вардарки ја остварија најубедливата победа оваа сезона

Ракометарките на Вардар го прегазија тимот на Пелистер со 52-10 со што ја запишаа најубедливата победа оваа сезона.

Во комбиниран и скратен состав, нашите девојки дојдоа до огромни 24-6 уште на полувреме, а во вториот дел беа уште поефикасни.

Најефикасна на натпреварот беше Олга Черноиваненко со 9 гола, а Андреа Пенезиќ постигна 8. Ова е победа број 18 за Вардар кој веќе теоретски стана шампион на Македонија.

Утре, во 16 часот во „Јане Сандански“ ќе се одигра пред последниот меч од сезоната, против нашиот втор тим, ЖРК Вардар, а по него ќе биде и свеченото доделување на пехарот. Сезоната завршува на 26 мај со дуелот против Ѓорче, исто така во салата во СЦ „Јане Сандански“.

вторник, 19 мај 2015 - 21:55