Вардарки „ги палат“ моторите на 1 август

Новата сезона за европските вице-прваци во женска конкуренција ракометарките на Вардар почнува на 1 август. Тогаш е закажан почетокот на подготовките во Скопје.

По неколку денови минати со тренирање и медицински прегледи, ракометарките заминуваат на висински подготовки. Потоа екипата се враќа во Скопје.

Тука ќе се подготвува за настап на турнирот чии домаќини сме ние во периодот од 23 до 26 август во Скопје. Во меѓувреме можно е да се одиграат и некои контролни средби.

Како носители ќе ја дочекаме ждрепката за групната фаза во лигата на шампионите и противниците во групата.

петок, 16 јуни 2017 - 10:30