Вардарки денеска ги крунисуваат за шампионки на Македонија

Ракометарките на Вардар денеска го играат последниот натпревар од женската лига на Македонија за оваа сезона, а противник ни е тимот на Металург.

По натпреварот нашите девојки ќе ги добијат и медалите за шампионската титула и пехарот на РФМ.

Средбата меѓу Вардар и Металург ќе се игра во СЦ „Јане Сандански" во 16,30 часот.

Влезот е слободен.

Од денеска ќе може и да се потпишете во „Книгата на славните" што се наоѓа во фан шопот на Вардар во салата. По многуте пораки упатени директно до нашиот клуб и до играчите, и поддршката што постојано ја имаме на социјалните мрежи решивме да им овозможиме на сите наши навивачи да ги запишат своите пораки на подршка и благодарност.

Секој ќе може да ги запише своите пораки, желби, поддршка и пред сѐ благодарност за она што ни го овозможија сите ракометарки што настапуваа во изминативе шест сезони

 

среда, 16 мај 2018 - 09:56