Вардар заврши уште една сезона со титула без пораз

Вардарки го добија вториот пехар сезонава и тоа за титулата во домашното првенство. Во последното 28 коло Вардар го победи Металург со 49-24 (23-13) и без пораз уште една ја потврди доминацијата во првенството на Македонија.

И со девет ракометарки, од кои седум домашни и само два интернационалки „црвено-црните" беа пресилни за ривалот од Автокоманда. Уште на полувреме сѐ беше познато кога Вардар имаше водство од 23-13.

Јован Саздовска, Теодора Керамичиева и Сара Ристовска имаа двоцифрен број на голови, вкупно 34.Најпрецизна беше Керамичиева со 12 гола, а по 11 постиогнаа Саздовска и Ристовска.

За Вардар ова е 6. трофеј во првенството со што се втора најуспешна екипа во историјата на женскиот ракомет во Македонија.

Остануваат уште натпреварите од Купот. Во сабота во СЦ „Јане Сандански" се игра полуфиналниот меч меѓу Вардар и Пелистер.

Вардар - Металург 49-24 (23-13)
ВАРДАР: Саздовска 11, Бајрамовска 2, Мицевска, Керамичиева 12, Суслина, Хмирова, Петровиќ 8, Гичевска 5, Ристовска 11.

 

среда, 16 мај 2018 - 18:25