Вардар замина на подготовки на Златибор

Следните десет дена ракометарките на Вардар ќе бидат на подготовки на Златибор каде ќе се работи на физичката подготвеност за новата сезона.

Европскиот вицепрвак и победникот на Регионалната лига, на крајот на месецов ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир, а во септември ги почнува и натпреварите во Регионалната лига.

На Златибор заминаа и новите засилувања, Драгана Цвијиќ, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, Теа Керамичиева и Полена Кизнецова. Во среда треба да се приклучи и младата Јована Мицевска која сега настапува за кадетската репрезентација на Македонија на првенството што се одржува во Скопје.

Македонскиот тим лани го направи чекорот напред во лигата на шампионите, и играше во финалето а секунди го делеа од постигнување на победнички гол. Потоа се играа продолженија на Ф4 турнирот во Будимпешта, па вардарки се вратија дома со сребрениот медал.
Целта во новата сезона е повторно пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта. Во ЛШ нашите ракометарки ќе играат против Ларвик, ФТЦ Будимпешта и плус екипа што ќе дојде од квалификациите.

На турнирот во Скопје од 23 до 26 август ќе настапат Вардар, Ростов, Краснодар, Будуќност, ЧСМ Букурешт и Одензе.

 

недела, 6 август 2017 - 17:25