Вардар за 11 секунди испушти победа против Куманово

Младиот и неискусен тим на Вардар имаше убава шанса уште во првото коло во женската лига да оствари победа против фаворизираните гостински од Куманово, но само поради нашата брзоплетост во последните 11 секудни од натпреварот му дозволивме на противникот да замине со бод. Средбата заврши со реми 30-30 (16-12), а „црвено-црните" имаат за што да жалат на овој натпревар.

Имавме 11 секудни за последниот напад и тајм аут на кои тренерот Симе Симовски подели совети како да се задржи топката во посед и да се сочува до последниот свиреж на судиите. И наместо да тргнеме смирено и да одолговлекуваме, за неколку секунди направивме грешка противникот ја одзеде топката и во контра преку Александра Боризовска реализираше за реми. Кумановски се радуваа исто како да победиле, зашто во текот на целио тмеч беа во негатива и се обидуваа да ги стигнат вардарки.

Во првото полувреме неколкупати предноста за нашите девојки беше и „плус 4" гола како најава за можен триумф. И се држевме одлично, имавме и предност на полувреме од 16-12.

Гостинките во 40 минута израмнија на 20-20, но потоа повторно Вардар ја презеде иницијативата и резултатското водство. Во последните 10 минути пак имавме водство од четири голови, 28-24. Но, тоа успеавме да го прокоцкаме. Последната минута имавме водство од 30-28. Потоа примивме гол, но имаше само уште 11 секунди до крајот. Требаше само рутински да ја задржиме топката.

Неискуството и младоста го направија своето. Вардар покажа дека и со младински тим може да биде рамноправен со женската лига. Ова е само една добра поука, а во иднина се очекуваат добри резултати на натпреварите.

ВАРДАР - Куманово 30-30 (16-12)

ВАРДАР: Трајковска, Гоцевска 2, Ѓеоргиевска 2, Божиновска, Грујовска, Џатевска, Трпевска 1, Гроздановска 3, Костовиќ 3, Диневска, Седлоска 10, Коларовска, Петковска 4, Дамјановска 1, Николиќ 4, Јаковчевска.

 

сабота, 8 септември 2018 - 17:34