Вардар викендов се домаќини на Стружанка

Ракометарките на Вардар, кои се натпреваруваат и во младинска конкуренција, во сабота ќе играат против Стружанка. Мечот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански" во 16.30 часот.

Вардарки после 10 кола се лидери на табелата и се единствени без пораз во младинската лига. Имаат 9 победи и едно реми, па во сабота вардарки се фаворити на натпреварот од 11. коло.

 

петок, 8 февруари 2019 - 13:02