Вардар се зацврсти во Топ-3

Со очекуваниот триумф на домашен терен против аутсјадерот Деспина од 31-20 ракометарките на Вардар се зацврстија на третото место на табелата во женската лига.

Сѐ беше решено уште на полувреме кога „црвено-црните"направија предност од 13-6. Немаше дилеми околу победникот бидејќи на терен бевме супериорни . Тоа се гледаше и по фактот што тренерот Симе Симовски не побара ниту еднаш тајм аут. Игравме одлично па немаше потреба од прекинување на ритамот. особено во вториот дел, кога постигнавме 18 голови.

Во овој дел од средбата веќе се беше решено, па можевме и поопуштено да играме и да примине и некој гол повеќе. Разликата беше очигледна, предноста веќе обезбедена.

Вардар - Деспина 31-20 (13-6)
ВАРДАР: Трајковска, Ѓеоргиевска 1, Божиновска 2, грујовска, Џатевска, Ангеловска 2, Илиќ, Трпевска 7, Гроздановска 3, Костовиќ, Диневска 2, Миновска 2, Седлоска 4, петковска 2, Дамјановска 1, Николиќ 5.

 

сабота, 17 ноември 2018 - 22:35