Вардар СЦЈС како лидери го завршија регуларниот дел

Нашата втора сениорска екипа Вардар СЦЈС го заврши натпреварувањето во регуларниот дел од сезоната во женската лига со триумф, 40-21 (22-11) на гостувањето во Гевгелија. Сега остануваат настапите на Ф4 турнирот во недела каде ќе разигруваме за титулата.

Вардарки го освојуваат второто место на табелата во конечното рангирање, бидејќи според пропозициите на Ф4 ќе се разигрува само за титулата, а другите места ќе се превземат од она како завршил тимот во регуларниот дел. Ние регуларниот дел го завршуваме како првопласирани пред Металург и Куманово. Но, за титулата апсолутен фаворит е Вардар.

На гостувањето во Гевгелија, „неизвесно" беше само во почетните минути, кога домашните ракометарки поведоа со 2-0, а потоа трипати се приближија на „минус 1". Сѐ друго беше потоа во знак на „црвено-црните". Од 6-7 нашите ракометарки зголемија на 9-11, а потоа имавме уште една серија за водство 9-19. Тогаше беше речиси веќе јасно дека не само што ќе триумфираме туку тоа ќе биде и со висока разлика. На полувреме заминавме со предност од 22-11.

Со исто темпо продолживме и во второто полувреме, и постојано имавме предност од 16-17 голови. Највисоката „плус 19" ја имавме токму на крајот на средбата.

Гевгелија - Вардар СЦЈС 21-40 (11-22)

Гевгелија: Наумовска, Мандалова, Попова, Митревска 7, Божинова 2, Митрова 3, Узунова, Горговска, Саплмаева, Ангелевска 5, Атанасова, Шутева 4.

ВАРДАР СЦЈС: Белмезова (10 одбрани), Прленда 5, Стојановска 9, Трпковска 6, Георгиевска 2, Митова 13, Бојаџиска, Мицевска (20 одбрани), Нолевска 4, Станиќевска, Велкова, Божиновска 1, Николовска, Гичевска.

среда, 17 мај 2017 - 21:15