Вардар против Стружанка во полуфиналето на Купот

Одбраната на Куп титулата за ракометарките на Вардар ќе почне на 9 мај со дуелот против Стружанка. Со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки од Купот што треба да се игра во Куманово.

Во второто полуфинале се среќаваат Металург и Куманово.
Полуфиналните дуели се играат на 9 мај во термините од 17 и 20 часот. Ракометната федерација на Македонија заедно со Куманово како коорганизатор ќе решат кој натпревар во кој термин ќе игра.

Финалето е закажано за сабота, 11 мај во 16 часот.

петок, 3 мај 2019 - 12:37