Вардар повторно со бронза се враќа од Будимпешта

Ракометарките на Вардар по третпат се искачија на пиедесталот во лигата на шампионите освојувајќи го третото место на Ф4 турнирот во Будимпешта. Во малото финале нашите девојки го победија тимот на Будуќност со 30-28 што е наш втор триумф по ред над поранешниот европски првак.

Немаше време за тагување по вчерашниот лош ден на дуелот од полуфиналето со ЧСМ Букурешт. Девојките ги оставија зад себе сите промешени шанси, лошата реализација, проблемите во одбрана и се издигнаа над се, покажувајќи дека можат да играат против секого и дека ништо нема да ги оддалечи од намерата да стигнат барем до бронзениот медал, и да бидат единственот тим во историјата пто три години по ред на Ф4 завршницата освојува медал.

Добар почеток и крај ја ставија круната на успехот на натпреварот. Почетното водство од 5-1 а потоа и пресврт во последните 15 минути од негатива 22-23, до водство 28-26 со кое го најавивме триумфот. Имавме и расположен голман, Амандин Лејно која „собра" вкупно 14 топки, од што 9 во првото полувреме. И покрај падот во играта се вративме, најдовме сила, покажавме карактер и покрај фактот што во текот на натпреварот ја немавме н арасполагање Андреја Лекиќ која маше проблеми со тетивата и стручниот штаб несакаше да ризикува. На крајот од првото полувреме во еден дуел удар во мускулот над левото колено доби и Ања Алтхаус, па и таа со облози на коленото го проследи остатокот од натпреварот од клупата.

Имавме одлично отворање на натпреварот со серија од шест одбрани на Лејно, и сигурна реализацја која ни донесе водство од 5-1. Вардар покажа сосема ново лице, со сигурна реализација, добра одбрана и расположен голман.
Но, не успеавме да продолжиме во ист стил, па Будуќност полека ја топеше негативата. Во 16 минута беше 8-8, а потоа ние имавме водство што ривалот го „бркаше". Поради техничка грешка и погодена статива во последната минута Будуќност доби шанса не само да израмни, туку и да поведе, и тоа со 14-16 на одмор.

И повторно имавме добар почеток на второтополувреме, исто како и на мечот. Брзо ја анулиравме предноста на ривалот, во период на наша добра игра во одбрана и три одбрани на Лејно. Будуќност брзо враќа преку Катерина Булатовиќ кој му носи водство н апротивникот од највисоки 18-22 во 41 минута. Тогаш Вардар добива нова сила, па и покрај тоа што има играч помалку поради исклучувањето на Сираба Дембеле, сепак постигнува два гола по ред, Ихнева и Човиќ носат ново израмнување, 22-22. Оттогаш веќе не му дозволивме на Будуќност резултатски да се одлепи, а од 54 минута тргнуваме во офанзира. Радичевиќ, Хмирова и Дамњановиќ ни носат водство од 28-26. Имавме шанса побрзо да ги решиме длемите, но имавме две технички грешки, дозволувајќи и на Јауковиќ да намали на 29-28. На 30 секунди до крај Хмирова стави крај на неизвесноста и почеток на славјето на клупата на Вардар.

Вардар - Будуќност 30-28 (14-16)

Вардар: Лејно, Суслина, Радичевиќ 6, Кликовац 1, Дамњановиќ 2, Лазовиќ 4, Дембеле 2, Сокач, Алтхаус 2, Пенезиќ 7, Човиќ 2, Ихнева, Хмирова, Лекиќ, Ристовска, Грбич.

Будуќност: Ненензиќ, Ждериќ, Петровиќ 3, Плетикосиќ, Неагу 8, Јауковиќ 2, Ковачевиќ, Маловиќ, Булатовиќ 5, Рамусовиќ, Цвијиќ 1, Мехмедовиќ 4, Павичевиќ 1, Ахрук, Раичевиќ 4.

Фото-галерија од натпреварот

недела, 8 мај 2016 - 17:41