Вардар повторно игра шампионски - Лајпциг замина со „полна мрежа“

Вардарки ја забележаа првата победа сезонава, втора највисока досега во лигата на шампионките за нас, истовремено израмнувајќи го рекордот по број на постигнати голови на домашен терен, откако го победи Лајпциг со 41-24 во рамките од 2 коло.

Го видовме тимот со препознатливото, шампионско издание каде секој ред функционира, каде секој се бори за секоја топка, а голманите одново блескаат. Нашите чувари на мрежата, Амандин Лејно и Мајса Песоа натпреварот го завршија со вкупно 21 одбрана.

Ова беше наш прв триумф сезонава во групната фаза од лигата на шампионките. По вторпат постигнуваме 41 гол на домашен терен, откако претходно сличен резултат постигнавме и против Крим (41-30) на 7 февруари 2015 година. Оваа висока победа од „плус 17„ е највисока на домашен терен досега, и втор највисок воoпшто за нас во лигата на шампионките. Рекордот е „плус 18" постигнат на гостински терен кај Крим и кај Подравка.

Игравме на средбата и без Александра Лакрабер и Андреа Лекиќ. Французинката се повреди ден пред натпреварот, па несакавме да ризикуваме. Адреа Лекиќ се уште е во фаза на рехабилитација, па нејзиното враќање би било на некој од следните натпревари.

Но, и без овие два ракометарки покажавме дека сме шампионски тим, кој знае како да игра дури и кога е под притисок. Лицето што го покажавме со право дава надеж дека кризата е минато и сега размисlуваме само за победи, пласман на Ф4 турнирот, и нормално освојување на титулата.

* Фото галерија од натпреварот

Почетокот на натпреварот покажа дека Вардар е подготвен и размислува само на освојување на бодовите. По само седум минути играње гостинскиот тренер беше приморан да побара тајм аут откако ние поведовме со 5-1. Тоа беше добра најава за наша ефикасна игра во напад и добра одбрана. Но, ниту советите што ги добија ракометарките на Лајпциг не се реализираа туку вардарки продолжија да погодуваат па брзо поведовме со 7-1.
На голот на имавме расположената Амандин Lејно која за седум минути имаше шест успешни одбрани, а првото полувреме го заврши со 11 одбранети топки упатени кон голот. Игравме според посакуваното, едноставно и прецизно во нападот, и добрo во одбрана. И она што ќе го пропуштеше одбраната завршуваше во рацете на Лејно.
Шесте гола предност што ги направивме за девет минути играње, беа превисоки за Лајпциг. Гостинските успеаја неколкупати да намалат на пет гола, но секогаш знаевме како да возвратиме. Високата предност ни овозможи да менуваме до составот, па нашата клупата им даде шанса и на Тамара Мавсар и на Сара Ристовска да играат. Ристовска ја замени Јованка Радичевиќ која за 20 минути постигна пет гола.
Разликата од 5-6 гола остана до самиот крај, иако на полувреме имавме пет гола предност.

* Изјави од прес конференција

Каде што застанавме во првото полувреме, продолживме во вторите 30 минути. Мајса Песоа блескаше, а нашиот напад беше уште поефикасен. Во 45 минута првпата ја „раситнивме десетката" поведувајќи со 30-20. Тоа беше знак дека противникот е скршен и остануваше да одиграме уште поефикасно. Веројатно можевме и подобро и поефикасно до крајот на натпреварот, но најважно е што повторно има насменаи лица, шампионска игра.

Во следното коло Вардар гостува кај рускиот првак Астраханочка на 29 октомври.

Вардар - Лајпциг 41-24 (19-14)
ВАРДАР: Радичевиќ 6, Кликовац, Херем 2, Мавсар 5, Дамњановиќ 6, Лејно (одбрани 11 топки), Лазовиќ 3, Алтхаус 3, Илина, Пенезиќ 5, Човиќ 2, Суслина, Хмирова 4, Песоа (одбрани 10 топки), Ристовска 5.
Лајпциг: Миневскаја 5, Хубингер 5, Мацуко 4, Меицнер 2, Кудлач 2, Буш 2, Курцке 1, Реимер 3.

 

петок, 21 октомври 2016 - 22:16