Вардар одново го демолираше Митјиланд

Нашите вардарки остварија голема победа на гости кај Митјиланд, со 25-15, со која го обезбедија пласманот во следната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите.

Нашите девојки одиграа беспрекорен натпревар и феноменално второ полувреме во кое примија само четири гола. Токму на стартот од вториот дел ја направија разликата која го реши мечот скратувајќи ги надежите на Митјиланд дека може да направи нешто повеќе.

По 12-11 за нас на одморот, второто полувреме го отворивме со серија од 5-0, која, благодарение на извонредната одбрана потоа продолжи и до 8-1. Митјиланд погоди само еднаш во периодот до 48. минута, за да намали на 12-16, а потоа повторно продолжи доминацијата на Вардар. 

Беше 20-12 за нашите ракометарки, кога Данките излегоа од шокот и постигнаа три гола, за да намалат на 15-21. Меѓутоа по таа 54. минута веќе не успеаја да ја загрозат Амандин Лејно, која имаше блескава вечер со 19 одбрани.

Митјиланд успеваше да се носи во првото полувреме, кое беше рамноправно, со водство и на двете екипи. Прв почна Митјиланд, со 2-0, па потоа и со 5-3, но Вардарки направија серија од 4-1 за да поведат со 7-6, првпат на мечот во 17. минута. Имавме и два разлика, 11-9 во 26. минута, сепак на одмор заминавме со 12-11.

Ако во првиот дел можеа да се забележат некои грешки во играта на Вардар, особено технички, во вториот сѐ функционираше како што посакуваме, како што доликува за екипа со шампионски амбиции. Со оваа победа Вардар дојде до шест бода на табелата и го загарантира пласманот во главната фаза од натпреварувањето, при тоа четирите бода освоени против Митјиланд, ќе ги пренесе во таа следна фаза.

Наредениот меч го играме в сабота, во Ѓер, во 16:30. часот

недела, 8 ноември 2015 - 19:02