Вардар ќе биде домаќин на престижен турнир

Пред почетокот на следната сезона, од 29 август до 1 септември, во „Јане Сандански" ќе се организира турнир на кој, покрај нашиот Вардар ќе учествуваат уште пет големи екипи од Европа.

Нашите ракометарки ќе ги пречекаат европскиот шампион Будуќност, првакот на Хрватска, Подравка, рускиот првак Ростов, шведскиот Савехоф и Лајпциг од Германија.

Ќе се игра во две групи со по три екипи, а откако секој ќе одигра со секого во групата, првопласираните екипи ќе вкрстат во финале, вторите ќе играат меѓу себе за трета позиција, а третите ќе вкрстат во битка за петтата позиција на турнирот.

Турнирот ќе го носи името „Вардар турнир“, а ќе се игра во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански", од 29 август до 1 септември.

вторник, 2 јуни 2015 - 11:11