Вардар јуниор со пресврт за 20 минути триумфираше во Прилеп

Домашните ракометарки на Деспина се понадеваа дека можеби ќе успеат да го изненадат тимот на Вардар јуниор, но во последните 20 минути од натпреварот нашите девојки целосно ја свртеа играта и резулатот во своја корист и н акрајот ги освоија бодовите победувајќи со 30-25 (13-15). Со овој триумф Вардар јуниор се искачи на третото место на табелата со 23 бода, еден помалку од второпласираниот Металург.

Почетокот на средбата не ветувапе многу за нашите ракометарки. До некаде беа рамноправни, но дозволија Деспина потоа да го презеде водство и да има дури и предност од 12-8. Четири гола разлика во корист на прилепчанки беше највисоката разлика во неколку наврати што ја остварија во првото полувреме, а ние до крајот на полувремето само намаливме на 13-15.

Таа разлика од 2-3 гола домашните ја одржуваа во првите десет минути од вториот дел. Откако Деспина поведе со 20-17 како да се разбудија и вардарки. Тогаш почнаа да ја играат препознатливата игра, брзо се вратија и ја анулираа предност. Во 40 минута резултатот беше 20-20. Потоа следуваше период од пет минути без голови, за Вардар јуниор преку Леонида Гичевска да тргне да прави разлика. Поведовме со 22-21 и 23-21 и тоа беше почетокот на нашата игра која ја најави победата.

Гичевска во тие моменти ја презеде одговорноста, погоди и потоа сѐ беше полесно. Веќе имавме предност од 4-5 гола, а Деспина немаше сили да го следи нашето темпо. Пред самиот крај зголемивме на 30-24, а овие 30-25 беа конечниот резултат.

* Записник од натпреварот

недела, 3 декември 2017 - 22:22