Вардар јуниор се врати од Куманово без бодови

Лошиот почеток на средбата беше причината што нашиот втор тим Вардар јуниор не успеа да се врати дома со бодови од гостувањето кај Куманово, Домаќинките средбата ја добија со убедливи 38-24 (19-12) за трет триумф сезонава. По четири одиграни натпревари во женската лига Вардар јуниор е на четвртото место со два победи и едно реми, и 7 освоени бодови.

Куманово го почна фуриозно натпреварот и поведе со 4-0, 7-1 и 9-3. Тоа беше најавата дека на Вардар јуниор тешко ќе му биде на ова гостување и дека ќе мора многу подобро да игра доколку сака нешто да смени. До крајот на првиот дел Куманово ја зголеми предноста на „плус 10" за водство 18-8, но ние успеавме да намалиме на 12-19 и со негатива од 6 гола на одиме на пауза.

Одбраната беше послабиот дел од нашата игра, па ниту голманите не можеа да помогнат. И тие немаа свој ден. Андреа Илиќ одбрани 5 топки, а Слободанка Кицевска три топки.

На самиот почеток на второто полувреме домаќинките повторно се вратија на „плус 10" за водство 23-13, а потоа то аводство и го зголемија до максималните „плус 16" во самата завршница од натпреварот.

Во нашиот состав најефикасна бепе Леонида Гичевска со 8 гола.

* Статистика од натпреварот - kumanovo-vardar-junior_1.pdf

четврток, 12 октомври 2017 - 10:03