Вардар јуниор се намачи малку, но ги освои бодовите против фенерџијата од Прилеп

Младите ракометарки на Вардар јуниор ја остварија третата победа сезонава во домашната лига, откако со 28-21 (16-11) триумфираа против Деспина од Прилеп.

Од самиот почеток на средбата нашите девојки го презедоа водството и во ниту еден момент во првото полувреме не му дозволија на противникот да се понадева на нешто. Откако поведовме со 9-3 веќе најавивме дека нема да дозволиме ништо друго освен наша победа. Домашните ракометарки до крајот на првото полувреме имаа и предност од седум голови (14-7).

Но, токму од тој период потоа работите малку се сменија, па прилепчани дадоа четири голови за намалување на негативата на 16-11 на полувреме. А во второто полувреме брзо ја анулираа негативата и израмнија на 1-17. Тоа беше период на лоша игра на нашите ракометарки , а Деспина израмни и на 20-20. Тоа беше момент за вклучување на алармот во нашиот тим.

Ние поведовме со 22-20, а Деспина возврати со гол за намалување на 22-21 во 54 минута. Ние додадовме гас, и до крајот на средбата имавме серија од 6-0 за убедлив триумф на средбата од 28-21.

* записник од натпреварот - vardarjunior-despina.pdf

недела, 15 октомври 2017 - 17:24