Вардар јуниор ја победи Гевгелија: Колку голови на гостите, толку одбрани на нашите голмани

Нашите млади ракометарки од вториот тим, Вардар јуниор како домаќинки ја победија Гевгелија со 27-17 во меч од женската лига. Колку што гостинките постигнаа голови, толку нашите голманки одбранија. Андреа Илиќ имаше 16 одбрани, а Слободанка Кицевска една одбрана.

Ова беше четврта победа за Вардар јуниор сезонава, и остануваат на петтото место на табелата, со 14 бодови.
Гостинките се држеа само во првото полувреме, кога на почетокот неколкупати имаа предност од еден гол. Во самата завршница Вардар јуниор ја презеде иницијативата и „избега" на плус 4 за водство од 12-8.

Второто полувреме беше само формалност, зашто Гевгелија немаше сила, а Вардар јуниор полека ја зголемуваше предноста. „Десетката" на крајот од средбата беше и највисоката предност.

Вардар јуниор - Гевгелија 27-17 (12-9)
ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ (одбрани 16 топки), Реџеп 1, Николовска 1, Карчева, Стефановска 3, Кицевска (одбрани 1 топка), Атанасова, Трпевска 4, Георгиевска 2, Диневска 3, Божиновска 1, Филиповска, Гичевска 3, Иванова 3, Николиќ 5.

 

сабота, 11 ноември 2017 - 17:06