Вардар го завери четвртфиналето во ЛШ по драматичната завршница кај Турингер

Вардар ги освои планираните бодови од дуелот од третото коло во главната фаза на ЛШ, победувајќи со 31-29 (18-13) против Турингер. Со овој триумф „црвено-црните" го заверија пласманот во четвртфиналето, и сега останува само да се доврши задачата да го сочува првото место.

Продолжува и победничката серија на вардарки кои сега ја забележаа 8 победа по ред во ЛШ, и на 10 натпревари нема пораз, што е повторно нов клупски рекорд во најквалитетното европско натпреварување.

Имавме неколкупати и предност од „плус 7" на средбата, но дозволивме во самата завршница да се бориме за победата, овозможувајќи му на домаќинот да го има последниот напад за освојување на бод. Во последните секунди една топка не стигна до пивотменот на домаќинките, и Камила Херем погоди на празната мрежа.

Во текот на најголемиот дел од натпреварот Вардар водеше, а од 46 минута Турингер првпат го израмнува резултатот на натпреварот, 23-23, најавувајќи ја неизвесноста. Седум минути подоцна домашните ракометарки првпат поведоа со 28-27. Со головите на Пенезиќ и на Лекиќ го вративме водството, но им оставивме речиси цела минута на домаќинките за последен напад.
Одбраната конечно одигра како што сме навикнати да го гледаме тимот, и не му дозволија на ривалот да упатат удар кон Амандин Лејно. Ова е и наш прв триумф на теренот на Турнингер во лигата на шампионките.

Средбата почна одлично за вардарки кои поведоа со 5-0, а во 20 минута првпат и стигнавме до „плус 7", за водство од 15-8. Потоа разликата ја одржувавме, имавме повторно седум гола, а на домор се замина со 18-13 во наша корист.
На Турнингер им требаа само девет минути да се вратат во игра, откако намалија на 19-21, како најава за интересна завршница.

Искуството и индивидуалните квалитети на вардарки дојдоа до израз, па кога беше најпотребно проработе нападот, а одбраната „стегна" во најважниот момент.

Во следното коло на 26 февруари во Скопје доаѓа Будуќност.

 

недела, 12 февруари 2017 - 15:47