Вардар е најдобриот спортски тим во Скопје за 2018

Крајот на сезоната секогаш е време кога се избираат најдобрите, во екипна и поединечка конкуренција. Вардар во 2018 година имаше повеќе можности да се радува на постигнатите успеси, а тоа им донесе и признанија. Градот Скопје ги избра најдобрите поединци за годината што изминува.

Вардар однесе вкупно три награди, две во машка и една во женска конкуренција. Во женска конкуренција тимот на Вардар е најдобра спортска екипа. Нашите девојки ја освоија двојната круна во домашното првенство, плус триумфираа и во регионалната ВРХЛ лига. Беа и второплсирани во ЕХФ лигата на шампионите со играњето во финалето.

Машкиот тим ја освои тројната круна во домашното првенство (првенство, куп и супер куп) и плус триумфот во регионалната СЕХА лига.
Кај мажите, Иван Чупиќ беше прогласен за најдобар спортист странец.

Капитенот Стојанче Стоилов беше четвртопласиран во изборот во сениорска конкуренција.

вторник, 25 декември 2018 - 17:22