Вардар без бодови по првиот меч на турнирот во Никшиќ

Кадетките на Вардар на првиот ден од меѓународниот турнир во Никшиќ, Црна Гора не успеаја да ги освојат бодовите на натпреварот против против Сесвете Агропротеинка од Хрватска. Противникот победи со 22 : 19.

Избраничките на Драгана Пецевска и Марија Папуџиева, се бореа силно, но тоа не беше доволно за победа на првиот натпревар. Најмногу голови на мечот постигна нашата Ана Марија Коларовска.

Утре, сабота во 13 часот играме против Раднички, а во 18 часот против Левалеа 2010.
В недела, 20 мај на распоредот се натпревари за подобар пласман.

На турнирот што завршува во недела учествуваат тимови од Црна Гора, Хрватска, БиХ и Србија, а вардарки се во првата група со домаќинот Левалеа 2010, Сесвете Агропротеинка од Хрватска и Раднички од Србија.

Вардар - Сесвете Агропротеинка 19 : 22

Вардар: Јована Трајкоска, Ангела Гроздановска, Јана Арсовска, Ана Гонзалес, Стефани Георгиевска 1, Јана Донева, Мирјана Петковска 2, Симона Грујовска, Стефанија Софтовска 5, Ивана Џатевска 1, Ангела Костовиќ, Сара Миновска 2, Ана Марија Коларовска 7, Ива Јаковчевска, Марија Галевска 1.

 

петок, 18 мај 2018 - 19:20