Вардар без бодови по плеј оф дербито со Металург

Вардарки останаа без бодови на последниот натпревар од Плеј оф лигата против Металург. На домашен терен противникот победи со 32 : 21 (13 : 11).

Мирјана Петковска со гол во првата минута го отвори натпреварот, којшто во првите 30 минути даде надеж дека црвено – црните ќе воспостават контрола врз резултатот. Најголемата предност што Металург ја имаше од 9 : 4, вардарки полека но стабилно ја намалија и на пауза заминаа со негатива од два гола, 11 : 13. Сепак во вториот дел од натпреварот Металург продолжи со силно темпо и нивната предност продолжи да се зголемува. Натпреварот заврши 31 : 21 за домаќините. Нашиот голман Андреа Илиќ имаше 7 одбрани. Најмногу голови од нашата екипа постигна Андреа Седлоска, 5 голови, додека Ивана Џатевска, Ивона Трпевска, Мирјана Петковска и Катерина Дамјановска имаа по 3 голови, Костовиќ Ангела – 2 и Ана Марија Божиновска и Милица Николиќ по 1 гол.

Вардар со градското дерби во женска конкуренција го отворија плеј-офот и во борбата за титулата учествуваат пет екипи. Планирани се уште десет кола за играње, а се пренесуваат освоените бодови од регуларниот дел на сезоната од меѓусебните дуели. Во плеј-офот, што треба да заврши на 25/26 мај играат Пелистер, Металург, Куманово, Стружанка и Вардар.

понеделник, 1 април 2019 - 16:46