Убедлива победа на Вардар во кадетска конкуренција

Пионерките на Вардар, кои се натпреваруваат и во кадетска конкуренција, убедливо ја победија екипата на Филип Вардар со 56 : 6 (30 : 2). Двоцифрената разлика во резултатот не е изненадување, зашто и на натпреварот од првиот дел од сезоната вардарки постигнаа десет пати повеќе голови од прилепската екипа.

Натпреварот го игравме во гости, но избраничките на Анжела Платон и во Прилеп се чувствуваа комотно и сигурно да го покажат својот максимум. Сите ракометарки се запишаа на листата на стрелците, а најмногу голови - 9 постигна Магдалена Тошевска. Сара Стефаноска имаше 8 голови, додека Наталија Максимовска постигна колку што вкупно имаше противничкиот тим - 6 голови. Зорица Андоновска постигна 5 голови, Андреа Миланова и Бојана Коцева по 4 голови, Александра Коловска, Мила Пешиќ, Борјана Коцева и Ива Ангеловска по 3 голови, а Јана Равојска, Мила Крагељ, Бојана Радевска и Јована Трајковска по 2 гола.
Одбраната пред голот, Леа Христоска и Вероника Ѓорѓиевска ги задржаа оние топки што ќе поминеа покрај нашите ракометарки.

четврток, 18 април 2019 - 10:40