Убедлива победа на Вардар против Стружанка

Остануваме лидери во младинска конкуренција. Вардарки со убедлива победа од 35 : 20 (17 : 11) ја испратија Стружанка.

Вардарки како фаворити влегоа на натпреварот. Уште во првите минути се забележа и зошто сме фаворити. Додека гостинките се уште се загреваа, вардарки веќе нижеа голови за предност која континуирано растеше 3 : 0, 5 : 1, 6 : 2, 9 : 3.... и сѐ до најголемата разлика од +7, односно 12 : 5 во првото полувреме. Стружанка се бореа да ја намалат негативата и на пауза заминаа до 17 : 11. Се вративме одморени и гладни за голови. Со 23 : 13 ја поминавме границата за двоцифрена предност, и стигнавме и до плус 18 гола, односно, 35 : 17. Но во последните минути нашиот напад забави, па гостинските ја искористија можноста да ја намалат негативата. Стружанка мечот го завршија со изведување на пеналот во 60. минута, за финален резултат од 35 : 20.
Младите ракометарки на Вардар, којшто сезонава се натпреварува и во младинска конкуренција останува на врвот од табелата без пораз, со 9 победи и едно реми.
Во следното, 12 коло играме против Шампион.

Вардар – Стружанка 35 : 20 (17 : 11)

недела, 10 февруари 2019 - 21:30