Убедлива победа на пионерките против Ѓорче

Најмладите ракометарки на Вардар и во вториот дел од сезоната убедливо ја продолжија победничката низа во пионерската конкуренција. На мечот од шестото коло против Ѓорче Петров, избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева триумфираа со двоцифрена предност 30 : 12 (14 : 4).

Двоцифрената предност во резултатот се преслика од првиот натпревар против Ѓорче од почетокот на сезоната, кога црвено – црните уште се загреваа со амбиција да се најдат во фајнал фоур турнирот во државното пионерско првенство. Искуството кое екипата го собира во натпреварите со постари екипи во кадетска конкуренција им беше добредојдено, па меѓу врсничките се докажаа како единствен тим со максимален учинок досега. Најмногу голови во нашата екипа постигна Борјана Коцева – 5, а на листата на стрелци се запишаа речиси сите девојки во екипата: Мила Пешиќ 2, Бојана Коцева – 2, Зорица Андовска – 3, Јана Равојска – 2, Мила Крагељ – 2, Бојана Радевска - 1, Наталија Максимовска – 3, Ива Ангеловска -2 , Андреја Миланова – 3, Јована Трајановска – 1 и Сара Стефаноска – 4.

Во претходното коло вардарки беа подобри од екипата на Куманово, а во следното коло од пионерското првенство се домаќинки на екипата на Металург, која е второпласирана во нашата група.

На крајот од март стартуваа и натпреварите од кадетското првенство, но во првите две кола нашата екипа е слободна, па првиот натпревар од вториот дел на сезоната ќе го игра следниот викенд на гости кај екипата на Филип Вардар.

недела, 7 април 2019 - 22:44